Паника во Задар! Димитров бил во контакт со половина град!

Димитров бил во контакт со огромен број луѓе, па поради тоа беше објавено и специјално соопштение од градската управа.

1,225

Во Задар беше откажано финалето на тенискиот турнир „Адриа Тур“, откако претходно беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров бил заразен со коронавирус. Тој одигра само еден меч, но проблемот е уште поголем бидејќи се дружел со многу луѓе во претходниот период,.

Димитров бил во контакт со огромен број луѓе, па поради тоа беше објавено и специјално соопштение од градската управа.






– Жителите на Задар кои се сомневаат на зараза, односно кои биле со тенисерот во близок контакт нека се јават на дежурниот епидемиолог и на својот доктор. Заводот за јавно здравство од утре ќе воведе дополнителна телефонска линија и дежурни тимови. На овој начин ве известуваме дека на сила се епидемиолошките мерки кои меѓу останатото вклучуваат држење на социјално растојание кое е најважно во спречување на ширењето на вирусот – порачаа од градската управа.

Димитров во Задар мина десет дена, настапуваше на два тениски турнири. Но во рамки на останатите активности играше и фудбал и кошарка. Прво со своите колеги тенисери Ѓоковиќ, Чилиќ, Чориќ, Зверев и уште неколку други, а потоа и со гледачите.

Поврзани содржини