Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала вечерва го потресе подрачјето на 25 километри јужно од градот Малатија во источна Турција околу 20 часот.
Според ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, а граѓаните пријавиле дека тресењето на земјата го почувствувале и на 100 километри оддалеченост од епицентарот.
Засега нема информации за евентуална штета.
Малатија претрпе големи штета и илјадници жртви во катастрофалните земјотреси во февруари.