Паника во ПСЖ! Мбапе побарал да си замине

Светскиот шампион имаше планови да го смени тимот уште ова лето, но хаосот околу пандемијата на коронавирус ги сменил работите и тој остана во Париз.

325

На почетокот на новата сезона за Пари Сен Жермен, напаѓачот Килијан Мбапе го известил раководството за неговата желба да си замине следното лето, тврди „Тајмс“. Неговиот договор со клубот е до јуни 2022 година.

Светскиот шампион имаше планови да го смени тимот уште ова лето, но хаосот околу пандемијата на коронавирус ги сменил работите и тој остана во Париз.






Мбапе веќе помина три сезони во ПСЖ, откако беше земен од Монако за 180 милиони евра – втора највисока сума за трансфер во историјата на фудбалот.

За шампионите на Франција, тој има 77 голови на 102 натпревари во Лига 1.

Се чини дека Реал Мадрид е најсериозен кандидат за негово привлекување.

Поврзани содржини