ПАНИКА ВО КРИВА ПАЛАНКА Дојава за бомба во основно училиште, полицијата е на терен
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Денеска во Општина Крива Паланка целосно се евакуирани објектите на основно училиште од градот по претходно добиена дојава за бомба.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово ја потврдија информацијата.
– Денеска, 2 декември 2022, околу 11 часот во СВР Куманово, полициска станица Крива Паланка, било пријавено дека на електронската адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.
Изутринава лажни дојави за бомби имаше и во три скопски училишта.