🎥 ПАНИКА ВО ФАБРИКАТА ЗА СОНИШТА Поради видеото од тепачката помеѓу Том Круз и Бред Пит се бараат итни реакции

Виралното видео од двајца актери од А-листата кои се тепаат на покрив, кое деновиве го потресе Холивуд, е создадено со помош на Seedance 2.0, нова алатка на вештачката интелигенција на компанијата ByteDance, кинеската матична компанија на Тик-Ток.

1,117

Вирално видео од двајца актери од А-листата кои се тепаат на покрив, при што Пит е бесен на Круз за убиството на Џефри Епстин, кој „знаел премногу за нашата операција во Русија“, е создадено со помош на Seedance 2.0, нова ВИ алатка на компанијата ByteDance, која е воедно кинеската матична компанија на Тик-Ток.

– Мразам да го кажам тоа. Готово е со нас! – Тоа е заклучокот на Рет Рис, сценаристот на „Deadpool & Wolverine“, кога го видел лажното видео од Том Круз и Бред Пит кое неодамна го потресе Холивуд.






Како и со Sora на OpenAI, Seedance 2.0 поттикнува се поголема загриженост поради ВИ генераторите на видеа кои ги кршат авторските права.

Тоа беше доволно за да предизвика реакција од Асоцијацијата за филм (MPA), што не е мала работа со оглед на тоа што организацијата не сака јавно да коментира за прашања поврзани со вештачката интелигенција.

Нејзиниот претседател и извршен директор Чарлс Ривкин изјави:

– Воа еден ден, кинеската услуга за вештачка интелигенција Seedance 2.0 учествуваше во неовластена употреба на американски авторски дела во голем обем. Со лансирање на услуга што работи без значајни заштитни мерки против повреда на авторски права, ByteDance го прекршува добро воспоставениот закон за авторски права што ги штити правата на креаторите и ги поткрепува милиони американски бизниси. ByteDance треба веднаш да запре со своето кршење на правата.

Алатката беше официјално претставена во САД, откако една недела претходно ги запали кинеските социјални мрежи.

Корисниците, исто така, објавија ремикси од кулминативната битка од „Avengers: Endgame“, во која Танос се извинува за уништувањето на половина од универзумот, и друга во која се појавува Годзила како се бори против Оптимус Прајм.

Шокираниот одговор на Рис на видеото беше дочекан со критики дека ја сфатил ситуацијата премногу лефтерно.

Во последователна објава, тој појасни: „Бев воодушевен од видеото на Пит и Круз затоа што е толку професионално. Токму затоа се плашам. Мојот поглед на чашата како полупразна, е дека Холивуд наскоро ќе биде десеткуван“.

Од друга страна, актерот Симу Лиу бил помалку импресиониран од вештините за кореографија на вештачката интелигенција: „Секој што некогаш видел филм за боречки вештини знае дека ова е апсолутно срање.“

 

 

Поврзани содржини