Паника во Берлин! Возило удри во оградата од канцеларијата на Меркел (ВИДЕО)
Во овој момент е нејасно дали станува збор за намера. Засега нема извештаи за повредени.
Непознат возач утрово со автомобил удри во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Ова го јавува новинската агенција „Ројтерс“. На автомобилот е испрскан слоган против глобализацијата.
Во овој момент е нејасно дали станува збор за намера. Засега нема извештаи за повредени.
Сведоците видоа дека автомобилот удри во оградата. На страната на автомобилот е напишана порака против глобализацијата со бели букви.
Меркел ќе претседаваше со видео повик утрово со разни германски министри за продолжување на заклучувањето и другите мерки против вирусот ковид-19.
🇩🇪 — BREAKING: A car rammed into the gate of Chancellor Angela Merkel’s office in Berlin, Germany.
— Belaaz (@TheBelaaz) November 25, 2020