ПАНИКА ВО 28 УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ И 17 ВО КУМАНОВО Полицијата утврди дека дојавите за бомби се лажни

Министерството за внатрешни работи потврди дека сите пријави за бомби во училиштата се лажни, а безбедноста на учениците не е загрозена.

166

По заканите за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни, потврди вечерва Министерството за внатрешни работи.

Денеска околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта.






– Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – велат од МВР.

Поврзани содржини