ПАНИКА ПОСЛЕ ФОТКИТЕ СО ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ НА ЈАХТАТА, МОРА ДА СЕ ИЗМИСЛИ НЕШТО И ЗА МИЦКОСКИ Сдсмовски ботови ја рециклираат старата лага дека македонскиот премиер летувал во камената вила на Бандиќ
Плусинфо дознава дека Христијан Мицкоски летувал во викенд куќа на близок пријател, на Јадранот, но далеку од брегот и од плажите. Тоа сепак не е вилата „Загреб“, која никој не ја користи, затоа што се води спор помеѓу државата Хрватска и Градот Загреб за тоа во чија сопственост треба да биде. Креаторите на лажни вести мора малку повеќе да се потрудат.
Премиерот Христијан Мицкоски не летувал во атрактивната вила „Загреб“ во Хрватска, како што се споделува по социјалните мрежи и во дел од медиумите.
Оваа вила од 2022 година е празна и никој не ја користи, затоа што се води спор помеѓу државата Хрватска и Градот Загреб за тоа во чија сопственост треба да биде.
Во минатите години, кружеа и лажни вести дека Мицкоски поседува луксузна вила во Крашиќи, Црна Гора.
Атрактивната вила „Загреб“ во Мошќеничка Драга важела за летниковец на покојниот Милан Бандиќ, поранешен градоначалник на Загреб, и служела за репрезентативни цели на градските власти.
Вилата, која се наоѓа во близина на Опатија, во целост ја презела државата Хрватска, која како сопственик се запишала уште во 2015 година.
Во 2022 година властите ја посетиле вилата и утврдиле дека таа е празна и дека никој не ја користи и не ја одржува.
Градот Загреб во 2020 година покренал постапка за да ја поврати вилата во своја сопственост. Со неа во меѓувреме управува Министерството за градежништво на Хрватска.
Вилата „Загреб“, која сите ја посакуваат, бара посебно одржување, зашто е изградена од камен кој во еден дел е под морската површина, па просториите мора да се греат во текот на целата година за влагата да не ја оштети вилата.
Во рамки на вилата се наоѓаат и куќа за домар и градина. Градината се наоѓа над шеталиштето кое минува покрај самата вила и со неа е поврзана со патека која е изградена така да изгледа како венецијански мост.
Во градината имало игралиште за одбојка, еден кош, маса за пинг-понг, библиотека и простор за скара. Вилата има три спални соби и две купатила во поткровјето и уште две спални соби и купатило на спратот. На приземјето се наоѓаат раскошни салони.
Плусинфо дознава дека Христијан Мицкоски летувал во викенд куќа на близок пријател, на Јадранот, но далеку од брегот и од плажите.
