📽️ ПАНИКА НА АЕРОДРОМОТ ВО ПАРИЗ Полицијата итно ги евакуираше терминалите поради дојава за бомба

Како што информираат, терминалите 2 и 3 се евакуирани, додека полицијата добила анонимен телефонски повик во 18 часот.

606

Дел од аеродромот „Орли“ во Париз вечерва е евакуиран по дојава за бомба, дознаваат локалните медиуми.

Како што информираат, терминалите 2 и 3 се евакуирани, додека полицијата добила анонимен телефонски повик во 18 часот.






– Се јави непознато лице и кажа дека во тоалетот на аеродромот е поставена бомба – изјави извор од полицијата, додавајќи дека се врши евакуација на подрачјето на аеродромот.

 

Во средата вечерта авионот на „Трансавија“ кој полетал од Париз и се упатил кон Монпеље, бил приземјен неколку часа по лажна тревога за бомба. Летот на крајот беше откажан.

Поврзани содржини