🎥 ПАНИКА НА ЈАДРАНОТ, СЕ ЗАПАЛИЛ ТУРИСТИЧКИ БРОД Пожарот избувнал во кујната, има повредени

Пожарот на туристичкиот брод избувнал во 8:20 часот, а според локалните медиуми, две лица се повредени и побарале медицинска помош.

1,545

Вистинска драма се одвивала на Јадранот, кога во хрватскиот град Макарска се запалил туристички брод, објави српски Телеграф.

Пожарот избувнал на туристичкиот брод во 8:20 часот. Според пишувањата на локалните медиуми, повредени се 2 лица, кои побарале лекарска помош.






Според првичните информации, пожарот избувнал во кујната на бродот, но со брза интервенција бил брзо локализиран.

Во тек е увид за да се утврдат сите околности околу инцидентот.

Во овој момент нема повеќе детали за тоа како точно избувнал пожарот, ниту кои се повредените лица.

Исто така, не е познат ниту степенот на нивните повреди, ниту колку лица имало на бродот во моментот на инцидентот.

Поврзани содржини