Паника меѓу олигарсите поради коронавирусот: Купуваат респиратори, лекари, опремуваат домашни клиники

6,455

Во екот на пандемијата на коронавирус, богатите Руси почнаа во паника да купуваат респиратори и да опремуваат домашни клиники, со надеж дека на тој начин ќе си обезбедат подобри услови во случај да се разболат со заразната болест што пустоши низ светот, јавуваат руските медиуми.

Еден од руските олигарси објавил дека купил еден апарат за 1,8 милиони рубли (околу 20.000 евра) и дека има намера да купи уште два апарати. Сепак, како што истакнал, побарувачката во моментов е огромна, поради што на апаратите се чека и по осум месеци.






Според информациите од московската компанија „Хедвеј груп“, државните болници ширум Русија имаат вкупно околу 42-43 илјади респиратори.

Според тоа, има расположливи околу 29 апарати на 100.000 жители, што е многу повеќе отколку во Италија, каде што ист број на луѓе поседуваат само осум апарати за вештачко дишење.

Други руски богаташи одат и подалеку и освен што купуваат вентилатори, вработуваат и лекари за ексклузивно да ги лечат ако се појави потреба.

Вирусот имун на богатството

Според претставниците на неколку респираторни компании, кои произведуваат респиратори, во последните две недели приватни лица сочинувале  30 отсто од купувачите на респиратори, а многу компании ги распродале сите залихи и прават листи на чекање со неизвесен исход.

Респираторите главно се увезуваат од Кина, Италија и Германија, иако последните две земји забранија извоз, потсетуваат руските производители.

Руското Министерство за здравство соопшти дека е бесмислено да се купуваат респиратори за домашна употреба, бидејќи се потребни и други медицински помагала за лекување на тешка пневмонија, кои се применуваат исклучиво на одделенијата за реанимација и интензивна нега.

– Тоа е хистерична одлука, како и купувањето тони тоалетна хартија, само со различен буџет. Единствено место каде е можно лекување е болница. Вие нема да успеете на тој начин да се опремите во канцеларија или дома – рекол неврохирургот од Научниот центар за неврологија Алексеј Каскејев.

Тој добил понуда да основа вистински медицински центар.

– Некои од моите колеги добија слични понуди. Значи, додека сиромашните трчаат по брашно, богатите работат на опции за свој сопствен спас – рекол тој.

Извор: Спутник

FOTO: thejeffreylord.com

 

Поврзани содржини