Пандов: Заев ја претвори Македонија во тезга – продава идентитет, јазик и историја
Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
Предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров донесе до тоа да имаме денеска тезга во Македонија. Цела Македонија е направена тезга на која што македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет чинат по едно евро.
Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
– Од тука го повикуваме македонскиот народ и сте останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпишува како неговиот министер сега за надворешни работи Османи, го нарекува некој патоказ. Тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да не доведе да го изгубиме не само македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет туку да ја изгубиме македонската историја – рече Пандов барајќи оставка од Заев.