Пандов: Додека во регионот се вакцинираат, Македонија не знае кога ќе ѝ стасаат вакцините против ковид-19

1,092

Секојдневно гледаме колку имаме неспособна Влада и колку имаме неспособни политичари кои што ја водат оваа влада. Меѓутоа ова е конкретен пример повторно и повторно колку е неспособен министерот за здравство и премиерот и претседателот. Во регионот имаат вакцини Македонија чека, рече Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Канал5.

– Не е точно дека ние многу, многу нешто се разликуваме од Србија, економски гледано или било како гледано. Се разликуваме во тоа што таму е претседателот Вучиќ, а кај нас е Стево Пендаровски. Се разликуваме по тоа што таму премеир е Брнабиќ, а кај нас е Зоран Заев – нагласи Пандов.






Тој додаде дека количините кои што ги доби Србија се од Фајзер затаоа што тој колку што разбрал македонската влада само од Фајзер се има ограничено. А, во светкиот пазар има 4-5 вакцини. Србија има земено од кинеските, од руските, од британските вакцини. И дури најавуваат дека наредниот месец ќе имаат еден милион вакцини.

– Ние ако се споредиме со Албанија исто така јас сум колку што разбрав Еди Рама лично бил во Америка во претставништвото на Фајзер да моли од позиција на премеир да добие час поскоро поголема количина на вакцини. А, каде е нашата Влада? Каде е нашиот претседател, каде е било кој нешто Венко дали мрднал, дали направил – праша Пандов.

Тој посочи дека соседните држави се во многу подобра ситуација од нас. И додека умираат луѓето вакцините можеби ќе стигнар март, април. Сите земји во светот знаат кога ќе им стасаат вакцините, а ние ништо не знаеме.

 

Поврзани содржини