Пандев: За нас е подобро другите да нè гледаат како аутсајдери
Чувството да се подготвуваш со репрезентацијата за настап на Европското првенство е прекрасно. Ние живееме за нашата земја, сега имаме шанса да ја презентираме на големата сцена и ќе дадеме сè од себе гордо да се бориме за нашето знаме, додаде Пандев
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во интервју за австрискиот весник „Кроне“ порача дека на „црвено-жолтите“ би им одговарала улогата на аутсајдер на претстојното ЕУРО 2020.
– Претпочитам сите да гледаат на нас како аутсајдери за да го покажеме нашиот вистнски фудбал. Ние ја обожуваме таа улога – изјави Пандев во интервјуто.
Капитенот истакна дека фудбалерите ќе го дадат својот максимум достојно да ја презентираат македонската држава на голема сцена.
– Чувството да се подготвуваш со репрезентацијата за настап на Европското првенство е прекрасно. Ние живееме за нашата земја, сега имаме шанса да ја презентираме на големата сцена и ќе дадеме сè од себе гордо да се бориме за нашето знаме – додаде Пандев