Пандев во друштво на Роналдо, Ибрахимовиќ и Рамос меѓу најдобрите фудбалер над 34 години!
На оваа листа се најде и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев. Порталот го смести фудбалерот на Џенова на 17 место.
Англискиот портал „GiveMeSport“, направи листа на најдобрите фудбалери во светот кои имаат најмалку 34 години.
На оваа листа се најде и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев. Порталот го смести фудбалерот на Џенова на 17 место.
Листат ја предводи Кристијано Роналдо, пред Златан Ибрахимовиќ и Серхио Рамос. Во Топ 10, порталот ги смести Давид Силва, Фернандињо, Тијаго Силва, Един Џеко, Оливие Жиру, Бурук Јилмаз и Џејмс Милнер.
Од 10 до 18 место се: Фабио Кваљарела, Хоакин, Лоран Кошчелни, Жозе Фонт, Раул Албиол, Александар Коларов, Горан Пандев и Жоао Мутињо.