ПАНДЕВ УШТЕ ЈА ЧЕКА ПРВАТА ПОБЕДА СО ЏЕНОВА Пораз со 1-3 од Сампдорија во големото градско дерби

 Горан Пандев го одигра целиот натпревар, имаше една шанса за гол, но не успеа да го реализира.

234

Џенова со 1-3 го загуби големото градско дерби против Сампдорија, Горан Пандев го одигра целиот натпревар, а Андриј Шевченко сѐ уште чека на првата победа, пишува МКД.

Џенова никако да излезе од кризата во која се наоѓа, Сампдорија се чинеше како противник по мерка за такво нешто, но Шевченко запиша нов пораз.






Горан Пандев го одигра целиот натпревар, имаше една шанса за гол, но не успеа да го реализира.

Со два гола на Габиадини и еден на Капуто, Сампдорија до 67-та минута водеше со 3-0.

И откако го прими третиот гол, дури тогаш се разбуди Џенова, почна да создава шанси, Дестро намали на 3-1. Следуваа и две стативи, но не успеаа да се спасат од пораз во финишот.

Поврзани содржини