Горан Пандев, капитенот на Македонија, вели дека е пресреќен откако со гол против Грузија ги однесе „црвено-жолтите” до историски настап на Европско првенство.
„Сум играл многу вакви натпревари досега, ама никогаш не сум бил среќен како денес. Мислам дека со моето искуство му помогнав на тимот да ја оствариме историската цел, а тоа е настап на Европското првенство“ , рече Пандев по победата.