Пандев со два гола му донесе триумф на Џенова
Со 38 години, Пандев е највозрасниот фудбалер кој во тековната сезона успеа да впише најмалку два гола и две асистенции.
Горан Пандев вечерва постигна два гола во дуелот со Наполи и му донесе триумф од 2:1 на неговиот тим Џенова.
Пандев, кој уште еднаш ги потврди своите вонсериски реализаторски способности, првиот погодок го постигна во 11 минута на додавање на Хрватот Милан Бадељ, а во 26 минута кога исто така правремено беше проигран од Словенецот Миха Зајц.
Со 38 години, Пандев е највозрасниот фудбалер кој во тековната сезона успеа да впише најмалку два гола и две асистенции.