ПАНДЕВ НЕ ЗАПИРА Македонецот уште една сезона во Џенова

Џенова на својот Твитер профил напиша: „Еј Сири, пушти ја плеј-листата Горан Пандев“, мислејќи на опцијата за гласовно пребарување на мобилните телефони.

416

Како и што се најавуваше, најдобриот македонски фудбалер во историјата, Горан Пандев, го продолжи договорот со Џенова и ја одложи својата пензија.

Струмичанецот ја продолжи соработката со својот актуелен клуб за уште една сезона, поточно до 30 јуни 2022 година. Џенова сакаше да го задржи, а Пандев не беше спремен за пензија и договорот беше навистина лесен.






Иако ја напушти репрезентацијата и стави крај на настапите во националниот дрес, „Гранде Пандев“ ќе одигра уште една сезона во Серија А.

Досега, Пандев за Џенова има 156 настапи во Серија А, изминатите неколку сезони со своето искуство имаше огромен придонес во битката за опстанок во лигата. Клубот на оригинален начин го претстави продолжувањето на договорот.

Џенова на својот Твитер профил напиша: „Еј Сири, пушти ја плеј-листата Горан Пандев“, мислејќи на опцијата за гласовно пребарување на мобилните телефони.

 

Најдобриот фудбалер од Македонија кариерата ја започна во Беласица, од каде заработи трансфер во Интер. Потоа преку Специја и Анкона, дојде до Лацио. Добрите партии во Рим му донесоа враќање во Интер, па потоа играше со успех и за Наполи. Единствената авантура надвор од Италија, Пандев ја имаше во Галатасарај, па од 2015 година до сега го носи дресот на Џенова.

Во италијанското калчо, Пандев постигна 101 погодок во сите клубови за кои настапуваше, а се надеваме оваа сезона бројката ќе порасне.

Поврзани содржини