Пандев највисоко оценет во тимот на колото во Серија А

266

Двојниот стрелец Горан Пандев во саботниот триумф на Џенова над Наполи од 2:1 се најде во идеалниот тим на 21. коло во италијанската Серија А.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација со двата гола во воведните 26 минути од натпреварот беше најзаслужен за шестиот триумфот сезонава на што Џенова што ја искачи екипата на 12 место на табелата со 24 бодови.






Пандев (37), кој сезонава има постигнато вкупно три голови за Џенова се најде во тимот на колото со највисока оценка заедно со напаѓачот на лидерот Милан, Муса Бароу.

Тим на 21 коло во Серија А: Перин 8.4, Томијасу 8, Нујтинк 7.6, Бремер 8.1, Хернандез 8.2, Госенс 7.7, Брозовиќ 7.6, Деулофеу 8.1, Пандев 8.8, Ибрахимовиќ 8.7, Бароу 8.8.

Поврзани содржини