Пандев на Инстаграм: Оваа репрезентација заслужува поголем респект!

„Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. Храбрите ги следи среќата. Со борба, верба и со срце на терен, оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект“, напиша Пандев на Инстаграм.

1,041

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Горан Пандев, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм по вчерашната сензационална победа над репрезентацијата на Германија во Дуизбург.

Тој напиша дека оваа фудбалска генерација заслужува многу поголем респект.






„Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. Храбрите ги следи среќата. Со борба, верба и со срце на терен, оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект“, напиша Пандев на Инстаграм.

Најдобриот стрелец во историјата на националната селекција со својот 37. репрезентативен гол вчера го постигна првиот погодок на натпреварот и ѝ донесе предност на својата репрезентација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Поврзани содржини