Пандев ќе се кандидира за претседател на ФФМ, ама има услов

Па еден великан како Панчев знаеме како помина на избори со ваква структура - изјави Пандев.

872

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ќе се кандидира за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) само ако се смени Статутот на куќата на фудбалот и според Законот за спорт, клубовите добијат мнозинство за да решаваат за фудбалот во земјава.

Пандев, кој е рекордер по број на настапи за Македонија и најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација ексклузивно за „Спорт 1“ посочи дека без промена на Статутот на ФФМ нема намера да влегува во никакви авантури.






Вчера општинскиот сојуз (ОФС) на Струмица имаше свое Собрание, но не избра делегати за закажаното изборно Собрание на ФФМ, иако многумина очекуваа дека Пандев ќе биде кандидиран за претседател на ФФМ, ама…

– Без усогласување на Статутот со Законот за спорт, што значи без клубовите да решаваат за македонскиот фудбал, немам намера да се кандидирам за претседател на ФФМ. Ако се усогласи Статутот и ако клубовите од Прва и Втора лига ме предложат за кандидат за претседател и гласаат, јас со голема чест и задоволство би прифатил да бидам претседател на ФФМ. Во друг случај, во ваква состојба – никако! Па еден великан како Панчев знаеме како помина на избори со ваква структура – изјави Пандев.

Поврзани содржини