Пандев ја одби премијата од ФФМ

1,479

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во име на целата фудбалска репрезентација како нејзин лидер ја одби понудата од 40 илјади евра за вчерашниот пораз во Романија, па потегот стана вест број еден во регионов, јавува Спорт1.

ФФМ одлучила синоќа после поразот во трилер-мечот во Букурешт да ги награди фудбалерите како „мотивација за понатамошниот тек од квалификациите“, но Пандев ја одби таа премија и им порача на челниците на ФФМ, сами да си ја поделат. УО на ФФМ лани си подели по 20.000 евра од член премија откако Македонија обезбеди пласман на Евро 2021, на кое ќе дебитира летово.






– Ние пари за пораз не сакаме, меѓусебе разговаравме и ниту еден играч не прифаќа ваква премија. Нека си ја подели УО таа премија меѓу себе – рече Пандев.

 

Поврзани содржини