Пандемијата во фокусот на Г-7: Почна самитот на групата седум најразвиени земји

623

Тридневната средба на челниците на САД, Германија, Канада, Франција, Велика Британија и Јапонија почна денеска  со фокус на ковид пандемијата.

Домаќинот на овогодинешниот самит, премиерот на Велика Британија изјави дека земјите од Г7 ќе донираат вкупно милијарда дози на вакцини против ковид-19 на сиромашните земји и дека ќе биде обезбедена финансиска поддршка за изградба на погони за прозводство на вакцини ширум светот.

Утре и заздутре дел од темите ќе бидат Кина, Русија и климатските промени.

На крајот на самитот ќе биде објавено заедничко соопштение.

Настанот се оддржува во летувалиштето Карбис Беј на југозападот на Англија и како што вети домаќинот ќе бидат почитувани рестрикциите кои се на сила во земјата во борбата со Ковид 19.

За американскиот претседател Џо Бајден, италијанскиот премиер Драги и јапонскиот премиер Сугу ова е прво учество на самит на Г7 а последно кога станнува збор за германската канцеларка и можеби за францускиот претседател.

Поврзани содржини