ПАНДЕМИЈАТА ПОЛЕКА ГУБИ ЗДИВ Кај нас целосно имунизирани околу 30 отсто, а во Норвешка две третини од населението

Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход - информира Министерството за здравство.

1,014

За неполн месец бројот на активни случаи на ковид-19 во Македонија е намален за околу 3.000, а ревакцинирани се над 700.000 жители, пишува МИА.

Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирусот. Вчера беа регистрирани 392 инфицирани од 4.633 тестирања или околу 8,4 отсто. Претходно тој процент беше над 10 отсто. Се намалува и бројот на активни случаи. Ако во почетокот на септември во државата имаше над 15.000 активни случаи, сега има 12.240.






Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката, оздравени пациенти се 170.734, а починати се 6.577.

Министерството потсетува дека за вакцинирање на пунктовите не е потребно закажан термин, а децата од 12 до 18 години се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход – информира Министерството за здравство.

Во светот досега со коронавирусот се заразија 232 милиони луѓе, починаа над 4,7 милиони, а оздравеа околу 208 милиони лица.

Од Норвешка вчера пристигна веста дека државата по 561 ден ги укинува мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, кои ги ограничија физичките контакти, а голем дел од економијата целосно се отвора.

– Ова е 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирно време. Сега е време да се вратиме на нашата вообичаена рутина – изјави вчера премиерката Ерна Сулберг на прес-конференција.

Според Националниот институт за јавно здравје, околу 76 проценти од Норвежаните досега биле вакцинирани со најмалку една доза, а 67 проценти од населението се имунизирани со две дози.

Поврзани содржини