ПАНДЕМИЈАТА НЕ СТИВНУВА Во светот над 256 милиони заразени со ковид-19, над 5,1 милион лица починаа
Најголем број на починати во последните 24 часа имаше во Русија (1.252), потоа во Полска (382) и Украина (377). САД се најтешко погодената земја од пандемијата, со најмногу заразени (47,7 милиони) и смртни случаи (над 771,000).
Повеќе од 256 милиони случаи на коронавирус се пријавени ширум светот од почетокот на пандемијата. Повеќе од 5.1 милиони заразени луѓе починаа. Сепак, според Светската здравствена организација (СЗО), реалниот број на смртни случаи може да биде два до трипати поголем. Регистрираниот број на случаи на коронавирус во светот е само дел од реалноста, јавија западни медиуми.
Со зголемувањето на достапните тестови и подобрувањето на методите за следење на контактите на заразените, генерално е зголемен бројот на пријавени случаи. Сепак, многу поблаги и асимптоматски случаи не се пријавени. Огромното мнозинство од заразените со коронавирус закрепнуваат.
Во светот вчера беа пријавени повеќе од 478.000 нови случаи на коронавирус. Починале 6.246 заразени. Најголем број на починати во последните 24 часа имаше во Русија (1.252), потоа во Полска (382) и Украина (377). САД се најтешко погодената земја од пандемијата, со најмногу заразени (47,7 милиони) и смртни случаи (над 771,000).
Следуваат Бразил (повеќе од 612.000 починале од 22 милиони заразени), Индија (над 465.000 починале од 34,5 милиони заразени), Мексико (повеќе од 292.000 починале од 3,8 милиони заразени) и Русија (над 264.000 починале од 9,3 милиони заразени).
Перу е на прво место по бројот на смртни случаи на 100.000 жители (609). Следат Бугарија (390), Босна (372).
По региони, Јужна Америка и Карибите се најтешко погодени (повеќе од 1,5 милиони починале од 46,4 милиони заразени). Следува Европа (повеќе од 1,4 милиони смртни случаи од 80,7 милиони заразени) и Азија (над 889.000 починати од 56,7 милиони заразени). Најмалку погоден регион е Океанија (3.156 починати од речиси 293.000 заразени).