ПАНДЕМИЈАТА НЕ Е СТРАШНА АКО НЕ СТЕ ВО МАКЕДOНИЈА Д-р Пановски тврди кај нас смртноста е шест пати повисока
Смртноста во светот деновиве премина 5,5 милиони смртни случаи. Кога светот би бил како Македонија ќе беа 33 милиони умрени. Значи, пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија - рече Пановски
Пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија, смета микробиологот д-р Никола Пановски, кој во гостувањето кај Жарко Димитриоски во „Еден на Еден“, ја спореди смртноста во светот со онаа кај нас.
-Смртноста во светот деновиве премина 5,5 милиони смртни случаи. Кога светот би бил како Македонија ќе беа 33 милиони умрени. Значи, пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија – рече Пановски, посочувајќи дека смртноста во Македонија шест пати повисока.
Пановски го коментираше и работењето на поранешниот министер за здравство Венко Филипче во време на пандемија, што да очекуваме во следниот период со коронавирусот, сертификатите, но се осврна и на поопуштени теми како случајот Ѓоковиќ во Мелбурн.