ПАНДЕМИЈАТА НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ Бајден најави дека ќе прими бустер доза
Одбивањето да се вакцинираат не чини сите многу скапо, изјави Бајден, додавајќи дека продолжува со задолжителна вакцинација секаде каде што може, и веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека невакцинираните Американци прават „голема штета“ на земјата, ја загрозуваат нејзината економија и го забавуваат закрепнувањето, јави Ен -Би -Си.
– Одбивањето да се вакцинираат не чини сите многу скапо – изјави Бајден, додавајќи дека продолжува со задолжителна вакцинација секаде каде што може, и веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани.
Бајден, исто така, истакна дека здравствените агенции, заедно со владата, се обидуваат да ја прошират програмата за трета доза и на крајот ќе дозволат таа да се администрира на пошироката јавност. Бајден ги повика Американците да примат трета доза, велејќи дека истото ќе го стори и тој наскоро.
– Ако ја примивте вакцината на Фајзер во јануари, февруари, март оваа година и имате над 65 години, одете да земете бустер – рече Бајден.
– Или ако имате болест како дијабетес или сте работник во првата линија, како здравствен работник или наставник, сега можете да добиете бесплатна трета доза. Ќе ставам трета доза, тешко е да се признае дека сум над 65 години, но ќе примам бустер доза.