Пандемијата на ковид-19 направи сериозни штети врз туризмот

Во јули, патувањата беа намалени 81% отсто, а во август – 79 проценти, се наведува во соопштението на организацијата.

376

Туристичките патувања во светот се намалија за 70 отсто во првите осум месеци од оваа година во споредба со истиот период во 2019 година. Загубите достигнаа 730 милијарди долари, соопшти Светската организација за туризам (СТООН).

Во јули, патувањата беа намалени 81% отсто, а во август – 79 проценти, се наведува во соопштението на организацијата.






Од јануари до август се регистрирани 700 милиони патувања помалку отколку во истиот период минатата година. Економските загуби достигнаа 730 милијарди долари, осум пати повеќе отколку за време на кризата во 2009 година.

Овој невиден пад има сериозни социо-економски последици и се заканува на милиони работни места и компании. Ова значи дека има итна потреба за безбедно, модерно и координирано продолжување на туризмот, изјави шефот на организацијата Зураб Пололикашвили.

Поврзани содржини