ПАНДЕМИЈАТА ГИ ПРИНУДИ НА ШТЕДЕЊЕ Богатството на Германците се зголеми на 7,7 трилиони евра
Во рекордната сума од 7,7 трилиони евра се вклучени класични парични заштеди, хартии од вредност и побарувања од осигурување.
Германците дополнително ги зголемија своите заштеди во изминатата година, така што нивното богатство порасна на рекордни 7,7 трилиони евра, соопшти денеска „DZ Bank“.
– Главната причина за зголемувањето на монетарното богатство на германските граѓани повторно се рекордните заштеди – вели Мајкл Стапел, економист во „DZ Bank“.
Тој вели дека стапката на заштеди во текот на изминатата година, иако паднала од 2020 година, сепак била високи 15 проценти. Тоа значи дека граѓаните на Германија заштедиле по 15 за секои сто евра што им стојат на располагање.
Во рекордната сума од 7,7 трилиони евра се вклучени класични парични заштеди, хартии од вредност и побарувања од осигурување.
Рекордениот бран на заштеди започна во 2020 година со појавата на првите знаци на пандемија. Во 2020 година, стапката на штедење беше уште повисока и изнесуваше 16,1 отсто.
Минатата година, трендот на штедење се намали во текот на летните месеци, кога се чинеше дека пандемијата е во опаѓање.
– Меѓутоа, потрошувачките чувства паднаа наесен со првите знаци на нов пандемски бран и мерки за затворање – вели Стапел од „DZ Bank“, чадор-банката на сите банки „Volks“ и „Raiffeisen“ во Германија.
Зголемувањето на монетарното богатство се објаснува и со поголемата подготвеност на Германците да инвестираат во хартии од вредност.
– Со оглед на ниските, па дури и негативните каматни стапки на заштедите, повеќе граѓани се осмелија да инвестираат во акции минатата година – заклучува Стапел.