ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ЗАВРШИ НАПРОЛЕТ Германски лекар тврди дека вакцинираните и прележаните ќе ја кутнат короната
Пролетта во 2022 година ќе биде означен крај на пандемијата со коронавирусот, а тогаш животот повторно ќе се нормализира, рече претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен.
Пандемијата со коронавирусот ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен.
Оние кои не се вакцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат заразени со ковид-19.
Тој вели дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вакцинација ќе се зголеми, како и дека бројот на излекувани лица со антитела ќе биде многу поголем.
– Пролетта во 2022 година ќе биде означен крај на пандемијата со коронавирусот, а тогаш животот повторно ќе се нормализира. Оние кои не се вакцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат заразени со ковид-19 – рече Гасен.
Со неговите предвидувања се согласуваат и други познати научници од Германија.