ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ЗАВРШИ КОГА СВЕТОТ ЌЕ ОДЛУЧИ Тедрос бара богатите да ги споделат вкацините
Земјите кои веќе вакцинирале 40 отсто од населението, вклучително и Г20, мора да ги препуштат своите количини во испораката на вакцини на меѓународниот систем Ковакс и Африканскиот фонд за набавка на вакцини (Aват) основан од Африканската унија, рече Тедрос.
– Земјите кои веќе вакцинирале 40 отсто од населението, вклучително и Г20, мора да ги препуштат своите количини во испораката на вакцини на меѓународниот систем Ковакс и Африканскиот фонд за набавка на вакцини (Aват) основан од Африканската унија – рече Тедрос.
Тој додаде дека производителите на вакцини мора да го споделат своето знаење, технологии и лиценци и да се откажат од правата на интелектуална сопственост.
Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во снимена видео порака, оцени дека „успехот на вакцините, развиени и пуштени на пазарот во рекордно време, е засенет од трагедијата на неправедната дистрибуција“.