ПАНДЕМИЈАТА ЈА НАМАЛИ МИГРАЦИЈАТА Здравствените мерки ги затворија државите

Иако привремената работна миграција нагло опадна во повеќето земји, една категорија беше исклучок во 2020 година, а тоа се сезонските земјоделски работници.

366

Кризата која настапи  поради избивањето на пандемијата на коронавирусот, предизвика „најголем пад на миграциските текови досега“ во земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во 2020 година.

Според годишниот извештај за миграција, падот на бројот на луѓе кои доаѓаат во земјите членки е 30 отсто.






Намалување се забележува во сите категории на имиграција во текот на изминатата година, кога во земјите на ОЕЦД пристигнаа 3,7 милиони луѓе.

Иако привремената работна миграција нагло опадна во повеќето земји, една категорија беше исклучок во 2020 година, а тоа се сезонските земјоделски работници.

Жан-Кристоф Димон, шеф на Одделот за меѓународна миграција на ОЕЦД, рече дека имигрантите и натаму се меѓу најранливите популации бидејќи се концентрирани во најзагрозените сектори.

Тој додаде дека во решавањето на последиците од здравствената криза, посебен предизвик ќе биде да се осигура дека планот за закрепнување ќе биде инклузивен.

Поврзани содржини