ПАНЧО ОД ДНК Е НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА НА КЛИНИЧКИ Музичарот е вон животна опасност

Уште не знам каде е и како се Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе, откри низ солзи сестрата на Панчо од ДНК за порталот СДК.

1,568

Еден од членовите на дуото ДНК на чиј концерт избувна страотниот пожар во дискотека во Кочани е задржан во болница. Од тимот на ДНК велат дека уште чекаат официјални информации за здравствената состојба на музичарите.

Според списоците објавени во јавноста Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК е примен на одделот за Пластична хирургија во Скопје и е на кислородна поддршка.






За неговата здравствена состојба се огласи неговата сестра Јадранка Николовска која даде изјава за порталот за порталот „Сакам да кажам“.

– Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како се Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе – открива Николовска низ солзи.

 

 

Поврзани содржини