ПАНЧЕВСКИ ЗАД РЕШЕТКИ Сам се пријавил во Идризово

828

Поранешниот судија и претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски денеска самиот се пријавил во Казнено-поправната установа „Идризово“ заради издржување на затворска казна, објави А1 он.

Велешкиот суд на почетокот на мај 2020 година го осуди Владимир Панчевски на 3,6 години за сторени злоупотреби на службената должност, но кон крајот на септември минатата година скопска Апелација му ја намали казната за една година со што пресудата стана правосилност.






Пресудата доаѓа по обвинението дека Панчевски како прв човек на скопскиот кривичен суд од 23 јануари 2013 до 14 септември 2016 година, го прескокнувал АКМИС системот, односно електронското распоредување на предмети, така што со негов потпис предметите им ги делел на судии коишто тој ќе ги изберел.

Според Обвинителството, тој рачно поделил 45 судски предмети, што беше потврдено и со изјава на сега веќе разрешениот судија Стојанче Рибарев, кој беше и вршител на должност“ – претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје

Поврзани содржини