ПАМЕЛА АНДЕРСОН СО МЕСЕЦИ СЕ КРИЕ ОД МЕДИУМИТЕ Сега е уловена без грам шминка и со вишок килограми (ФОТО)

Секс-симболот Памела Андерсон со месеци се криеше од медиумите, но папараците некако успеаја да ја „уловат“, без трошка шминка.

4,187

Поранешната зајачица на „Плејбој“, Памела Андерсон, деновиве беше главна мета на папараците, кога се појави на отворањето на линијата облека на нејзиниот син Брендон, за кој сите велат дека е слика и прилика на славниот татко, музичарот Томи Ли.

Актерката Памела Андерсон во јануари годинава објави дека се повлекува од Инстаграм и оттогаш нема објавено ниту една фотографија, но последниве денови е на мета на папараците во Лос Анџелес.






Славната русокоса беше „уловена“ од фотографите без трошка шминка со кафе во раце во Малибу, облечена во за неа несвојствена облека, лежерни тренирки и бела маица. Очевидците зборуваат, а и фотографиите покажуваат дека Памела добила вишок килограми, имајќи предвид дека е позната по својата тенка фигура.

Таа го игнорирала вниманието на папараците, а се чини дека е одлично расположена. Памела, која во последно време ги избегнува медиумите, направила исклучок и им дозволила на папараците да ја фотографираат.

Пред неколку дена блеснала на отворањето на линијата облека на својот 25-годишен син Брендон. Своите бујни облини ги истакнала во прв план. На церемонијата присуствувал и таткото на Брендон, поранешниот сопруг на Памела, Томи Ли, кој дошол во друштво на неговата млада сопруга Британи Фурлан.

Инаку, Памела и Томи се запознааво 1995 година и по помолку од седум дена врска застанаа пред олтарот, а во бракот добија два сина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ugharchives

Инаку, Памела пред неколку месеци ги изненади сите кога објави дека се омажила за нејзиниот телохранител Ден Хејхарст. Двојката наскоро ќе ја прослави првата годишнина од бракот, кој наводно започнал со тоа што Памела го разорила петчленото семејство на телохранителот.

Поранешната сопруга на Хејхарст ја нападна Памела во медиумите и ја нарече расипничка на домови, нагласувајќи дека таа го украла нејзиниот сопруг. Според неа, Ден почнал да работи за Памела есента 2019 година и се потсмевал на нејзините лудости и барања. Но, наводно сè се променило во март минатата година, кога почнале да поминуваат сѐповеќе време заедно.


ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини