Памела Андерсон (52) се соблече гола во новата кампања за чанти на брендот „Ашока“ од Париз.
Самата Памела дизајнирала една колекција за брендот што прави торби од веганска кожа, а за да привлече внимание, се соблекла и легнала врз ливчиња од рози.
Актерката со години е голем поборник за правата на животните и се спротивставува на каква било форма на суровост кон нив. Своевремено на Ким Кардашијан ѝ испратила бунда од вештачка крзно за да ја поттикне да не носи вистинско крзно, а исто така ја повика и ,,Прада” да го исфрлат крзното од нивните колекции.
Луксузните кожени чанти кои ги дизајнирала, се направени во Италија, а освен тоа што за нивната изработка ниту едно животно не платило со својот живот, внатрешноста на чантите е изработена од материјал направен од рециклирани пластични шишиња.
Странските медиуми посочуваат дека по овие фотографии, францускиот фудбалер Адил Рами ќе сфати дека погрешил кога ја раскинале врската.
— Pamela Anderson (@pamfoundation) March 20, 2020