Актерката и зајачица на „Плејбој“ Памела Андерсон на 1 јули наполни 53 години, а обожавателите ги почести со жешка фотографија од кревет.
Памела со децении не се спушта од тронот. Една од најпознатите жени и секс симболи дури и во денешницата, па е вистинско задоволство највеќе за машкиот пол, кога позира во долен веш или во костум за капење.
Иако овој пат „само“ ги покажа витите нозе и дел од задникот лежејќи на креветот, беше сосема доволно да ги интригира сите кои ја сакаат, а воедно на сите им го честиташе денот на Канада, кој е ист датум со нејзиниот роденден.
Со потпетица која се најде во пределот на стомакот, со мобилен телефон во едната рака и шампањско во другата рака, Памела изгледа неверојатно секси.
FOTO: Instagram