Сексапилната актерка Памела Андерсон има нова љубов. По бурната врска, и уште побурното раскинување со фудбалерот Адил Рами кого го фати во неверство, атрактивната зајачица на „Плејбој“ се вљубила во својот телохранител.
Во меѓувреме, по прекинувањето на врската со Рами, Памела инстантно се омажи за холивудскиот продуцент Џон Питерс во јануари годинава. Бракот траеше цели 12 дена, а Питерс побара развод, како што соопшти во медиумите.
Памела сега емотивно се зближила со телохранителот Ден Хејхурст.
Таа е многу среќна, но и вниммателна поради лошите искуства од минатото.
Но, едно е сигурно, таа вели дека тешко дека повторно би стапила во брак на 51 година.
FOTO: Instagram