Успешната приказна на трговскиот центар Палма Мол од Тетово продолжува. Цели 9 години успешно работење како лидери во регионот го заокружуваат со пуштање во употреба на новиот модерен капацитет, поголем, најмодерен и со ексклузивни брендови.
Палма Мол како трговски центар, заедно со новиот дел што во моментов за завршува со градба и официјално ќе биде пуштен за посетители во петок на 27 октомври, се простира на 77.000 м2 од кои 38.000 м2 се изнајмени квадратури за клиенти, 22.000 м2 се внатрешен паркинг простор на 2 нивоа под нула.
– На наше и ваше задоволство во Палма Мол се позиционирани и присутни повеќе од 150 дуќани и брендови, од кои дури 75% се интернационални светски брендови, што уште еднаш покажуваме зошто сме лидери во регионот и овој регион се доближува до светот преку нас рамо до рамо. Со гордост можеме да најавиме дека за прв пат во нашиот град, токму кај нас, доаѓаат новите брендови од ЛПП Групација, Ризрвд, Синси, Мохито, Кроп, Хаус, потоа Де Факто, Бургер Кинг, Уста Донер, Збаро, Нептун, Хомакс, Беџети Премиум, Опен, Ени свитс со најнов уникатен концепт, АЈКОС стор, А1 стор, Кајра Вомен, Фанзон – ворлд оф фан, Саат Ве Саат, Том Тејлор со најнов концепт, Каубој кенди. За идната година имаме веќе официјално најави и преддоговори со нови светски брендови кои за прв пат ќе влезат кај нас ексклузивно – велат од компанијата.
Некои од нивните соработници кои веќе се позиционирани во трговскиот центар и успешно работат со години се: ДМ, Рамстор супермаркет, ЈИСК, Комодита, Мадам КОКО, ЛЦ Вајкики, Парфоа, Сваровски, Пандора, Баз, Спорт вижн, Спорт риалити, спорт-м, кемофармаци, Џокс премиум, Тудорс, Сара Фешн, Пенти, Пизеро, Зухре, Шатци парфимерии, МајТајм, Идеал Хоум, ФЛО, Пекон бејкери, Емпориум, Офис Плус, Мис Спајс.
За најмладите и најмилите предвиден е специјалнен простор на огромна површина, тоа е „Фан зоната“, еден нов концепт на забава, игри, скокање, качување, летање, лизгање, друштвено натпреварување, на површина од над 2.200 м2. Амбиентот е специјално дизајниран од архитекти во соработка со медицински лица, воздухот ќе се обработува и филтрира преку 3 рекуператори, со што и се покажува грижата за здравјето на најмладите во време на вирусни инфекции.
– Би сакале да најавиме нови имиња во делот на фуд корнерот и угостителството, ги има веќе Емпориум а-ла карт ресторан, има Собрание сошл клаб лаунџ бар со одличен амбиент, има разновидност на ресторани со брза храна како КФЦ, Бургер кинг, Уста донер, Збаро, Мерак грил, Помодоро фуд, Донер кинг, Шатци сендвичари, Мон шери јами јогурт. За идната година можеме да најавиме уште многу познати светски брендови кои доаѓаат за прв пат – додваат од компанијата.
За да можат нивните посетители да го искусат целото ова одлично искуство и задоволство во трговскиот центар, обезбеден е целосно бесплатен паркинг со капацитет од 1.100 внатрешни и 350 надворешни паркинг места.
Палма Мол со повеќе од 1.600 вработени е еден од лидерите во регионот.
– Би сакале да ги охрабриме сите оние кои сакаат својата кариера да ја градат во некој од брендовите на Палма Мол, да ги следат огласите за вработување и да го направат првиот чекор. Ве очекуваме на официјалното отварање за посетители на 27 октомври, во петок во Палма Мол. Очекувајте многу забава – ветуваат организаторите.