ПАЛЕВСКИ ВЕЧЕРВА ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕН ВО МАКЕДОНИЈА Во ноември ги уби Вања и Панче

937

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, вечерва ќе биде донесен во Македонија, објави порталот 24инфо.

Според информациите, Палевски вечерва треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје.






Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Баликесир, Турција.

Министерството за правда пред две недели соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

 

Поврзани содржини