ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ТРОЈЦА УЧЕСТВУВАЛЕ ВО ГРАБНУВАЊЕТО НА ЖЕЖОВСКИ Електронската евиденција од Дервен покажала дека Боре не бил на работа на 22 и на 27 ноември

Палевски сака да докаже дека во грабнувањето на велешанецот Панче учествувале 3 лица, а не 4, како што тврди Обвинителството. Палевски сака да докаже дека во грабнувањето на велешанецот Панче учествувале 3 лица, а не 4, како што тврди Обвинителството.

1,891

Првообвинетиот Љупчо Палевски приложи видео снимки како докази според кои, како што рече, се гледаат три лица во двете возила на 22 ноември 2023 година на патот Велес-Скопје.

Тој поднесе службена белешка и наредба од Основниот суд Велес, од 7.12.2023 за одземање на видео снимки од хотел „Романтик“ од езерото „Младост“.






– Сведокот Стојан Кујунџиовски, кој вршел увид и ги одзел видеоматеријалите за потребите на истрагата, пред Судот ја потврди содржината на службената белешка од 7.12.2023 со која се точно избројани лица кои се наоѓаат во „реното кангу“ и во „цитроенот“. Еден цитат од службената белешка, што е утврдено со неа, а влијае на фактите во врска со грабнувањето на Жежовски. „При преглед на видеозаписот утврдено е дека камерата број 1 и камерата број 3 поставени на хотел Романтик, го покриваат регионалниот пат (стар пат Велес-Скопје). При прегледот на видеозаписите од 22.11.2023 година во 10.25 (реално време 10.15) се забележува патнички автомобил ‘рено кангу’ како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележуваат две лица. Се забележува и ‘цитроен’ како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице.“ – рече Палевски.

Тој вели дека ова е докажан факт со видео и со сведочење, кој ОЈО Скопје не го доставило во листата на докази во двете обвиненија, а доставени се други 9 службени белешки за сите останати видеа кои беа презентирани.

– Ова видео беше презентирано заедно со видеата од 27.11.2023, а не со видеата од 22.11.2023 година. Во своите искази обвинетите Велибор Манев и Влатко Кешишев и покрај спротиставените тврдења кој во кое возило се возел, двајцата потврдија дека никој не бил присутен во задниот дел на комбето. Со тоа се потврдува дека во грабнувањето на Панче учествувале 3 лица, а не 4, како што тврди ОЈО. Видеото кое е одземено е од 6 часот изутрина до пладне и во тој материјал не постои движење на двете возила, „рено“ и „цитроен“ во раните утрински часови после 6 часот, затоа што во видеото кое ни беше презентирано од дворот на Велибор Манев, возилото „кангу“ пристигнува пред куќата на Манев во 6.38 часот. Ова е важно, затоа што не е евидентирано доаѓањето на „реното кангу“ во Велес по регионалниот пат во раните утрински часови на критичниот ден 22.11.2023 година. Овој доказ го утврдува фактот дека нема доказ за доаѓање на „рено кангу“ во Велес на 22 ноември, како и единствено видео кое е на 3 метри растојание од возилата и од регионалниот пат, во кој точно се бројат присутните лица во автомобилите. Тоа се 3 лица, утврдени со овој доказ – вели Палевски.

Обвинителството во дополнение на доказната постапка ги предложи следните докази: Одговор на барање податоци од 7.4.2025 од ЈКП Дервен Велес на околност дали обвинетиот Боре Видевски бил на своето работно место на 22 и на 27 ноември 2023 година, време кога се извршени критичните настани од обвинението.

– Одговорот од претпријатието е листа од електронска евиденција – рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.

На тоа приговараше адвокатот на Видевски, Бојан Манев кој рече дека за таа околност ќе предложи сведоци, односно лицата кои се споменати во исказот на Видевски даден во Обвинителството.

– Јас се противам на овој доказ и во дополнение на постапката ќе предложам соодветен доказ – рече адвокатот Манев.

Обвинителката рече дека во одговорот на барањето се наведува дека Боре Видевски не бил присутен на работното место на 22 и на 27 ноември 2023 година, што е видно од електронската евиденција на вработените во ЈКП Дервен.

„ИДЕШ НАВАКА?“ МУ ПИШАЛ ОСМАНИ НА ПАЛЕВСКИ, А ОВОЈ НЕ МУ ОДГОВОРИЛ НИШТО Обвинителството сака да докаже дека Палчо не поправал котел на денот на убиството на Вања

 

ПАЛЕВСКИ БАРА ВЕШТАЧЕЊЕ НА ЧАУРАТА НАЈДЕНА КАЈ ЖЕЖОВСКИ Видевски не направил пробно испукување од „зброевката“, а полицијата не направила споредба на чаурите

Поврзани содржини