ПАЛЕВСКИ ОТСТРАНЕТ ОД СУДНИЦАТА ЗА КЕШИШЕВ ДА МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ БЕЗ СТРАВ Што ќе открие неговото сведочење?

Јавноста со нетрпение го очекува сведочењето на Кешишев од кое се очекува да се потврдат многу работи кажани досега во процесот.

1,528

Адвокатот на Влатко Кешишев, Игор Ефремов, на денешното рочиште побара првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски да биде отстранет од судницата затоа што неговиот клиент има страв да говори пред него.

– Бараме Љупчо Палевски да се отстрани од судницата додека Кешишев дава исказ, бидејќи во негово присуство нема да ја зборува вистината. Оправдан е стравот на одбраната дека истиот нема да ја зборува вистината на денешната расправа – рече Ефремов.






Судијата Ивица Стефановски дозволи Палевски да се отстрани од судницата.

– Судот донесе решение дека Палевски се оддалечува од судницата бидејќи постојат околности дека во негово присуство нема да ја зборува вистината – рече судијата Ивица Стефановски.

Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски реагираше дека судот не треба да носи вакво решение.

– Кешишев ќе дава исказ без присуство на Палевски, а потоа Палевски ќе му поставува прашања. Во ваква атмосфера јас како бранител на Палевски не можам да учествувам, во ваква драма и хајка и ќе го напуштам судењето – рече адвокатот Страшевски.

На тоа судијата му рече дека ако ја напушти судницата ќе биде казнет парично.

– Барам психијатар да направи вештачење и да утврди дали навистина Кешишев има страв од Палевски. Барам да биде прекината постапката и да се повика вешто лице – рече Страшевски.

Судијата го одби барањето на адвокатот на Палевски да се донесе вештак.

Страшевски сепак остана во судницата и не го напушти судењето.

Јавноста со нетрпение го очекува сведочењето на Кешишев од кое се очекува да се потврдат многу работи кажани досега во процесот.

Поврзани содржини
na