ПАЛЕВСКИ Е ФАТЕН СО ПИШТОЛ Го носел без дозвола

Палевски се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење, донзава Вечер.мк.

1,259

Љупчо Палевски, поранешен функционер на СДСМ, минатиот петок бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија – Јаворица заедно со уште три други лица кои бараат злато, дознава Вечер.мк.

Палевски се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.






„На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола“, се наведува во билтенот на МВР.

Поврзани содржини