ПАЛЕЛЕ ПЕТАРДИ, ЗАПАЛИЛЕ ШУМА, БАНДЕРИ И ПЧЕЛИ Обвинителство побара подготвителна постапка кон едно од трите деца што го запалија Расадник

Четиринаесетгодишното дете, заедно со две деца во ризик кои не наполниле 14 години, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник и предизвилале голем пожар со кој била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, соопшти ОЈО Скопје

226

Јавен обвинител од ОЈО Скопје до судијата за деца во Основниот кривичен суд  поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот, кое презело дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело предизвикување општа опасност, по член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска Основното јавно обвинителство.

„На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу три хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“, соопшти Обвинителството.

Поврзани содржини