ПАЛЕЛ ТРЕВА ВО СВОЈОТ ДВОР, НО ОГНОТ ЗАФАТИЛ ДРУГИ ПАРЦЕЛИ Полицијата уапси маж кој предизвикал пожар

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица, информираат од МВР.

421

Вчера во прилепското село Штавица е уапсен Г.К. (54) поради сомнение дека предизвикал пожар, информираше МВР.

Околу девет часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото.






„Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност“, велат од МВР.

Поврзани содржини