🎥 ПАЛЧО Е ЕКСТРАДИРАН ВО МАКЕДОНИЈА Однесен е во затворот во Шутка
Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, има посебен ходник за движење. Има засилен видео надзор, со определен број на чувари, ќе има посебна бања.
Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски, е донесен во Македонија.
Палевски слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул Скопје, потврди за МИА директорот на затворот „Шутка“, Филип Андов.
Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија стигна во Турција. Турската полиција го уапси во Баликесир.
видео: телевизија Телма