🎥 ПАЛАВИОТ ПРИНЦ ЛУИС ГО СЛАВИ ШЕСТИОТ РОДЕНДЕН Погледнете избор од неговите гримаси што го забавуваа светот
Синот на принцот Вилијам и на Кејт Мидлтон е познат по неговите спонтани, детски реакции кои го „нарушуваа“ протоколот во многу прилики. Но, тој е сепак само едно палаво дете...
Луис, синот на принцот Вилијам и на Кејт Мидлтон, денеска го слави својот 6-ти роденден.
Годинава Кенсингтонската палата за прв пат одлучи да не сподели негова нова роденденска фотографија во јавноста.
Не е јасно зошто е прекината традицијата, о откако принцот Вилијам ги презеде своите први јавни ангажмани по објавата на Кејт Мидлтон дека боледува од рак.
Но, Луис веќе е добро познат во јавноста. Тој е само едно палаво дете, кое често со своите ппостапки и гримаси го нарушува „протоколот“ и така ја забавува јавноста.
Погледнете две видеа, со избор од неговите палави реакции: