ПАКИСТАНСКИОТ ПРЕМИЕР ОД ЛУТИНА ЈА ПРЕКИНА СРЕДБАТА МЕЃУ ЕРОДГАН И ПУТИН По 40 минути чекање, се случи скандал на меѓународен форум

Снимките од настанот брзо станаа вирални на социјалните мрежи, каде што предизвикаа низа реакции и коментари.

1,596

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ненајавено влезе на состанок зад затворени врати меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Туркменистан, откако чекаше околу 40 минути за претходно договорена средба со Путин.

Според снимките објавени од „RT India“, Шариф ја напуштил салата каде што чекал и се упатил кон просторијата каде што Путин и Ердоган одржувале состанок зад затворени врати. Тој влегол во просторијата во придружба на обезбедување, објави „India Today“.

 






Друга снимка го прикажува пакистанскиот премиер како седи покрај празен стол обележан со руско знаме, заедно со неговата делегација, додека чека да пристигне Владимир Путин. Во еден момент, тој ја напушти просторијата исто толку нагло како што влегол.

Снимките од настанот брзо станаа вирални на социјалните мрежи, каде што предизвикаа низа реакции и коментари.

 

Шариф беше во Туркменистан на меѓународен форум по повод 30 години од континуираната неутралност на земјата. Програмата на состанокот се одржа според планот, со акцент на неутралниот статус на Туркменистан, земја признаена од Обединетите нации на 12 декември 1995 година.

Поврзани содржини