Пакистан: Пациенти починале во болница зашто доцнеле боците со кислород

323

Седум пациенти починаа во една од најголемите болници во Пешавар, затоа што таа здравствена установа останала без резерви кислород, соопштија денеска извори од болницата во северозападниот дел на земјата.

Фахрад Кан, портпарол на болницата Хајбер, рече дека пациентите починале синоќа кога добавувачот кој ја снабдува болницата со кислород задоцнил со дополнување на магацинот.






Болницата е втора по големина во Пешавар и ја снабдуваат добавувачи од градот Равалпинди, оддалечен 190 километри.

Поврзани содржини